Горан Пандев до вчера беше единствен македонски фудбалер кој освоил шампионска титула во една од топ 5 лигите во Европа, а сега му се придружи и Елиф Елмас, со кого до пред две години беа репрезентативни колеги.
Пандев како поранешен играч на Наполи, а легенда на Интер, немаше проблем да му честита на Елиф за Скудетото.
„Секоја чест бато, да се множат“, му порача Пандев на Елмас преку стори на „Инстаграм“.