Навивачите на Ливерпул ја исвиркаа британската химна и тоа на денот на крунисувањето на новиот крал (Видео)

Навивачите на Ливерпул повторно ја исвиркаа британската химна и изразија негодувања кон британското кралско семејство. Ваковиот настан се случи во саботата, на денот кога беше крунисан новиот Крал на Обединетото Кралство, Чарлс Трети.

Новата британска химна, која сега се вика „Господе чувај го Кралот“ наиде на големо неговување кај гледачите на „Енфилд“, а историјата на ваквите случувања е стара неколку децении.

Најпрво тоа се должи на големата криза која го зафати регионот Мерсисајд по Втората светска војна, но и по трагедијата од Хејсел од 1989-тата година. Фудбалерот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд дури и кога настапува за англиската репрезентација, не ја пее химната.

Навивачите на Ливерпул во секоја прилика со свирежи од трибините и негодување ги пречекуваат членовите на кралското семејство на нивните натпревари.

- Оглас -

Најнови вести