Ливерпул одлично ја започна сезоната со освојување на англискиот Комјунити Шилд Куп или во другите земји познат како Супер Куп, но сепак, се чини дека ова ќе биде и единствениот трофеј кој Ливерпул ќе го освои оваа сезона.
Според информациите кои пристигнуваат од Островот, пет фудбалери се на излезна врата и Клоп нема да смета на нивните услуги за следната сезона. Прв помеѓу нив е бразилецот Артур Мело, кој за “црвените“ настапува како позајмен од Јувентус.
Големо разочарување е и репрезентативецот на Гвинеја, Неби Кеита, на кого ова лето му истекува договорот и нема да му биде продолжен. Иста судбина ги чека и Алекс Окслејн-Чемберлејн и Џејмс Милнер.
Потврдено е заминувањето и на Фирмињо, на кого исто така нема да му биде продолжен договорот.