Навивачите на ПСЖ ќе ги бојкотираат натпреварите на Светците

Најверните навивачи на францускиот шампион ПСЖ планираат да ги бојкотираат натпреварите на Светците поради сè поголемите тензии со управата на клубот.

Тие најавија дека освен натпреварите на машкиот тим, ќе ги бојкотираат и натпреварите на фудбалерките на ПСЖ, како и на ракометниот тим.

„Односите со управата нè наведуваат да веруваме дека ова е единствено и најдобро решение. Сметаме дека на овој начин веројатно ќе ја сочуваме заедничката иднина“, објавија навивачите на ПСЖ по состанокот со управата на клубот.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1656281296824414208?s=20

Навивачите му се лути на претседателот Насер Ал-Келаифи, за кого сметаат дека воопшто не сака да ги слушне нивните предлози, а згора на тоа се против идејата да се купи стадионот „Франција“, кој се наоѓа во предградието на Париз, Сен Дени.

Тие исто така се незадоволни и од игрите кои ги прикажуваат скапоплатените ѕвезди како Нејмар и Меси. Аргентинецот беше исвиркан на последните неколку меча на домашен терен, додека фановите се појавија пред домот на Нејмар за да го изразат разочарувањето и револтот од неговите игри.

- Оглас -

Најнови вести