Ракометарите на Барселона веќе може да размислуваат на фајнлфор-турнирот од ракометната Лига на шампиони откако вечерва го декласираа ГОГ Гудме со 30-37 на гостински терен во првиот четвртфинален натпревар.
„Каталонците“ ја оправдаа фаворитската улога и веќе на полувремето имаа убава предност од 15-19, а во продолжение од натпреварот оваа предност само се зголемуваше сè до конечните седум гола разлика.
Лука Циндриќ беше лидерот на Барселона со 8 гола, додека Мадсен со 9 гола беше најефикасен во поразената екипа, но и воопшто на теренот.
Реванш-дуелот следната среда ќе биде само формалност.