Екипите на Пелистер и ТФТ денес во 18:30 часот ќе го одиграат првиот натпревар од полуфиналната серија на кошаркарскиот плеј-оф на Македонија.
Домашните влегуваат како фаворити во овој натпревар со квота од 1.34, но екипата на ТФТ во минатото покажа дека знае да игра добро и на гостински терен, па за изненадување во Битола квотата во Sport Life е одлична, дури 3.40.
Овие две екипи оваа сезона веќе одиграа три натпревари. Во домашното првенство двете екипи победија на домашен терен, додека во втората АБА лига поуспешен беше составот на Пелистер.
Дел од понудата на Sport Life е и натпреварот од плеј-аут лигата помеѓу Куманово и Струмица кој нема никакво значење околу пласманот на табелата, бидејќи и двете екипи се веќе испаднати.