Мајсторијата на Касемиро го донесе Манчестер јунајтед на бод од ЛШ (Видео)

Победата на Манчестер јунајтед од 1-0 над Борнмут и ремито 1-1 помеѓу Ливерпул и Астон Вила, значи дека Црвените најверојатно во следната сезона ќе мора да играат во Лига Европа и првпат после 2016/2017 нема да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Фирмино во 90-та минута спречи Јунајтед и Њукасл уште денеска теоретски да обезбедат место во ЛШ, но имаат три бода предност и два меча за играње за разлика од Црвените кои играат уште еднаш и може да освојат максимум три бода.

Касемиро постигна прекрасен гол за триумф на Црвените ѓаволи, но неговиот сонародник Фирмино спречи Манчестер уште денеска да прослави пласман во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести