Квалификациите на супер атрактивната Формула 1 патека во Монте Карло, се најзначајни во годината, бидејќи првото место носи одлична прилика за победа, како на ниту една друга патека во шампионатот.
Ова е најбавната патека, многу тесно, речиси и да нема места каде може да се претекне, затоа и мотивацијата да се биде на пол-позиција е голема, а и шанса добиваат и некои од аутсајдерите.
Сепак, според квотите во Sport Life, фаворити за пол-позицијата се првакот Макс Ферстапен од Ред Бул и домашниот Шарл Леклер од Ферари. Фернандо Алонсо, Карлос Саинс и Серхио Перез се фаворити од сенка, а на останатите пилоти не им се даваат баш големи шанси да бидат најбрзи на денешните квалификации.
Може да се обложите и на тоа кои пилоти ќе бидат меѓу првите тројца.