Не е само Мурињо, и навивачите на Рома го нападнаа судијата Тејлор и тоа на аеродром (Видео)

По Жозе Мурињо, и навивачите на Рома го сметаат судијата Ентони Тејлор, за најголем виновник за поразот на Римската волчица од Севиља во финалето на Лигата на Европа, и тие се обидоа да се пресметаат со него.

По вчерашниот меч, Мурињо вербално го нападна судијата Тејлор на паркингот на стадионот во Будимпешта, а денеска, Англичанецот успеа да избегне линч на аеродромот во унгарскиот главен град.

Тејлор на аеродромот беше со неговото семејство и додека се обидуваше да влезе во терминалот, беше забележан од навивачите на Рома кои фрлија и столица кон судијата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести