Дојде за да биде резервен голман, а сега е прогласен за најдобар голман во Серија А

Голманот на Лацио, Иван Проведел, е прогласен за најдобар голман во Серија А откако оваа сезона успеа да ја сочува чиста својата мрежа на дури 21 натпревар. Тој со тоа го израмни рекордот на Џиџи Буфон од сезоните 2011/12 и 2015/16 и на Морган де Сантис од сезоната 2013/14.

Сепак, интересен е патот на овој голман од италијанските Серија Б и Ц до признанието најдобар голман во Серија А.

Проведел најпрво брани за Пиза во Серија Ц, па постоа следуваат неколку сезони во Серија Б за екипите на Перуѓа, Модена, Про Верчели и Емполи. Токму со Емполи дебитира и во Серија А, но е испратен на позајмица во Јуве Стабиа во Серија Б. Следува трансфер со Специја во Серија А, а од тука минатото лето потпишва за Лацио за сума од 2.38 милиони евра.

Во Лацио доаѓа за да му биде резерва на португалецот Луис Максимиано, но овој уште во првото коло добива црвен картон и неговото место го зазема Проведел и тука останува до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести