Ѓоковиќ ја забавуваше публика и лесно го победи Вариљас на Ролан Гарос (Видео)

Новак Ѓоковиќ забележа лесна победа од максимални 3-0 над перуанскиот тенисер Хуан Пабло Вариљас во осминафиналето на Ролан Гарос. Србинот без поголеми проблеми ги доби сите три сета со 6-3, 6-2 и 6-2 и за 119 минути обезбеди пласман помеѓу најдобрите тенисери на Ролан Гарос.

За разлика од претходно кога публиката го поздравуваше Ѓоковиќ со свирежи, осојпат не беше така и неговите одлични поени беа поздравувани со аплауз и овации од трибините.

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се сретне против рускиот тенисер Карен Качанов кој беше подобар од италијанецот Лоренцо Сонего.

- Оглас -

Најнови вести