Меси: Ако не ја освоевме светската титула во Катар, веќе немаше да играм за Аргентина

Лионел Меси во моментов е поблиску до тоа да не игра на Светското првенство во 2026 година отколку да игра.

Меси често спомнува дека Мундијалот во Катар на кој со Аргентина ја освои титулата му бил последен во кариерата, но трансферот во Интер Мајами можеби е најава дека Лео сепак ќе се појави на СП во 2026 година бидејќи тоа првенство ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

„На Светското во Катар уживав како на ниту едно друго претходно. Знаев дека може да ми биде последен Мундијал. Искрено, ако не ја освоевме титулата, немаше веќе да играм за репрезентацијата. Вака како светски првак уште не можам да ја напуштам репрезентацијата, сакам да уживам. Следното СП е многу далеку, не мислам на тоа, пред тоа имаме квалификации и Копа Америка, ќе видиме“, изјави Меси.

- Оглас -

Најнови вести