Не му треба превод: Каков малер, судијата разбирал македонски, Ристовски го нарекол „лај*о од човек“

Ти си лај*о од човек, му рекол Стефан Ристовски на судијата Хелдер Малеиро, а за несреќа на нашиот репрезентативец, човекот во црно на мечот меѓу Сетубал и Спортинг знае по некој македонски збор. И особено ги разбира пцовките и навредливите зборови, па сега во Португалија се најавува драстична казна за Ристовски.

Ова го најавуваат португалските медиуми, а дури се тргнало во потрага по луѓе што знаат македонски јазик, за да се обидат според реакцијата на Ристовски и читајќи од неговите усни, да разберат што му кажал на судијата Малеиро.

Ристовски беше фаулиран во скок-дуел од гвинејскиот репрезентативец Менди во 55-тата минута од мечот, ударот беше со лакот директно во главата на бекот на Спортинг, нешто за што според правилата се добива директен црвен картон.

Но, судијата Малеиро не досуди ниту фаул, Ристовски имаше хематом на челото, па збесна, реагираше како што не треба и веднаш доби црвен картон.

Ако се потврди дека го нарекол „лај*о од човек“ судијата Малеиро, тогаш ќе добие висока казна, а одлуката за негова евентуална суспензија и колку таа ќе трае допрва се очекува.

- Оглас -

Најнови вести