Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот на „Олд Трафорд“ игра против Англија, а поддршката нема да изостане од Фалангата.
Се очекува најмалку 200 македонски фанови да ги бодрат избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Дел од нив специјално допатуваа од Македонија, дел од европските земји, а дел од Македонци коишто живеат и работат во Англија.