Фан на Челзи брутален кон Сари: Срамота, после ваков пораз треба да дадеш отказ

Челзи пред два дена го претрпе најубедливиот пораз во Премиер лигата во последниве 23 години. На „Виталити“ стадионот против Борнмут беа декласирани со 4-0, а Маурисио Сари по мечот мораше да се извинува на фановите за настапот на неговата екипа.

Еден фрустриран навивач на „сините“ го чекаше италијанскиот стратег пред стадионот каде гостуваа за да му каже сѐ што му лежи на душа, па му порача на Сари дека после ваков пораз треба да даде отказ.

„Ова беше ужасно, најслаб настап што некогаш сум го гледал. Срамота, после ваков пораз треба да си поднесеш оставка“, му порача навивачот на Сари, додека Италијанецот се извинуваше.

„Сините“ утре (16 часот) на домашен терен го пречекуваат последнопласираниот Хадерслиф, екипа против која не смеат да испуштат бодови ако сакаат да останат во трката за едно од четирите места кои водат во Европа.

- Оглас -

Најнови вести