Де Хеа после 12 години си замина од Манчестер Јунајтед

Шпанскиот голман Давид Де Хеа после 12 години си замина од Манчестер Јунајтед. Тој сега е без клуб и останува неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

32-годишниот голман долго беше најплатен фудбалер на “црвените ѓаволи“ и заработуваше по 440.000 фунти неделно. Пред одреден период беше објавено дека тој го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед, но клубот не ги потпишал документите и неговиот договор синоќа на полноќ истече.

Де Хеа 12 години го бранеше голот на Манчестер Јунајтед. Во тој период забележа 545 настапи и на теренот мина вкупно 49.109 минути.

- Оглас -

Најнови вести