Франција и Шпанија се финалисти на Светското младинско кошаркарско првенство

Репрезентациите на Франција и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство за кошаркари до 19 години кои се одржува во унгарскиот град Дебрецин.

Младите француски кошаркари во реприза на финалето од пред две години ги совладаа врсниците од САД со 89-86, пред се поради одличната трета четвртина.

Репрезентацијата на Шпанија немаше големи проблеми и лесно ја совлада Турција со убедливи 83-51.

Светското младинско првенство завршува утре со дуелите за пласман, а на паркетот ќе излезат сите 16 репрезентации по што ќе биде познат и конечниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести