Конечно: Брозовиќ е нов фудбалер на Ал-Наср!

Конечно заврши сагата околу трансферот на Марсело Брозовиќ од Интер во Ал-Наср. Последната понуда на клубот од Саудиска Арабија од 18 милиони евра обесштетување беше прифатена од страна на раководството на Интер и веќе нема пречки за трансферот на хрватот во Ал-Наср.

Останува Брозовиќ уште да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следува и официјалната презентација.

Репрезентативецот на Хрватска веќе ги има договорено личните услови. Тој ќе заработува по 30 милиони евра годишно во следните три сезони, а ќе добие и бонус за потписот од 10 милиони евра.

Марсело Брозовиќ во дресот на Интер мина осум ипол години во кои одигра вкупно 330 натпревари и постигна 31 погодок. На теренот мина вкупно 25.133 минути.

- Оглас -

Најнови вести