Францускиот 19-годишник Виктор Вембањама беше избран како прв пик на драфтот во НБА лигата од тимот на Сан Антонио. Вембањама дебитираше за НБА тимот и тоа на меч против Шарлот, во летната лига. Сан Антонио победи со 76:68, но Вембањама немаше деби за памтење.
Големиот талент погоди само два од 13 шута од поле. Погоди една двојка и една тројка (шест пати шутираше за три поени), а беше прецизен од четирите слободни фрлања.
WEMBY AND-1, his first bucket!#NBA2KSummerLeague on ESPN pic.twitter.com/eRCAiGB1CH
— NBA (@NBA) July 8, 2023
На паркетот помина 27 минути, во кои вкупно постигна девет поени, имаше осум скока, три асистенции, пет блокади и три загубени топки.
„Мило ми е што победивме. Нема подобар начин да се започне НБА кариерата. Искрено, не знаев што правам на теренот, но сакам да научам. Најважно е да бидам подготвен за почетокот на новата сезона“, рече Вембањама по мечот.
Силата на НБА лигата Вембањама ја почувствува и кога еден Каи Џонс атрактивно заби и тоа директно преку 226 сантиметри високиот француски центар.
Hornets’ Kai Jones dunks on Spurs’ Victor Wembanyama pic.twitter.com/Pe1X67Imr4
— Ben Golliver (@BenGolliver) July 8, 2023