Рутински триумф на Вардар против Тетекс

Фудбалерите на Вардар победија на првиот контролен натпревар во пресрет на новата сезона во Првата фудбалска лига.

Вардарци на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со 3:0 го совладаа Тетекс. Головите за Црвено-црните ги постигнаа Николовски во првото полувреме, додека во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Здравковски и Жоглев.

Тиквеш одигра 1:1 против Дубочица. Кавадарчани поведоа со голот на Станковски, додека српскиот тим израмни преку Ѓокиќ од пенал.

Брегалница со головите на Андонов и засилувањето од Јамајка, Андерсон со 2:1 славеше над Силекс.

- Оглас -

Најнови вести