Бразилскиот репрезентативец Нејмар нема да се врати во Барселона. Тој бил понуден на Каталонците, но раководството на клубот го одбило овој предлог од две причини.
Првата, секако, е тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот, а Нејмар сè уште е под договор со ПСЖ и Барселона не може да го плати обесштетувањето за него, а не може да му понуди ниту приближно плата која ја има во Париз, 40,8 милиони евра.
Втората причина е можноста да се наруши атмосферата во соблекувалната на Барселона кога би се довела толку голема ѕвезда.
Договорот на Нејмар со ПСЖ истекува во 2025 година, а моменталната вредност на фудбалерот е 60 милиони евра. Светците во 2017 го купија токму од Барселона за сè уште рекордни 222 милиони евра.