На лудоста ѝ нема крај: Sвездата на Манчестер сити има неверојатна понуда од Саудиска Арабија

Саудискиот клуб Ал-Хилал достави неверојатна понуда за Бернардо Силва до Манчестер сити. Според британските медиуми, Ал-Хилал му нуди на Манчестер сити 70 милиони евра за да го ослободи фудбалерот кој со Граѓаните има договор до 2025 година.

Португалецот доколку одлучи да се пресели во Саудиска Арабија, би заработувал по 50 милиони евра годишно, односно вкупно 150 милиони евра за следните три сезони.

Вредноста на 29-годишниот фудбалер од Португалија во моментов е 80 милиони евра, а тој пред шест години пристигна во Манчестер сити од Монако за 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести