Само еден ден откако сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека само ПСЖ може да си дозволи да плати 200 милиони евра за Виктор Осимен, францускиот тим го направи првиот потег.
Весникот од Неапол „Ил Матино“, објави дека дека ПСЖ испратил понуда тешка 110 милиони евра за напаѓачот на Наполи со која планира да го тестира трпението на Де Лаурентис.
Весникот открива дека ПСЖ му нуди на Осимен годишна нето плата во висина од 12 милиони евра, што е многу повеќе од седумте милиони бруто кои му ги нуди Наполи доколку потпише нов договор.