Новак Ѓоковиќ поведе со 1-0 во сетови против Карлос Алкарас во финалето на Вимблдон. Ѓоковиќ кој атакува на петтата по ред титула и вкупна осма на Вимблдон, првиот сет го доби со убедливи 6-0 во гемови.
Мечот започна со брејк топка на Алкарас, но Ѓоковиќ благодарение на одличниот сервис успеа да се спаси, а потоа да направи брејк за 2:0.
Во четвртиот гем уште еднаш направи брејк кој по потврди на свој сервис и поведе со 5:0, по што беше јасно кој ќе го освои првиот сет. Алкарас успеа да освои само еден гем во првиот сет со кој намали на 5:1, за во следниот гем, Ѓоковиќ на свој сервис да дојде до водство од 1-0 во сетови.