Мегваер подготвува одмазда за Јунајтед: Одби милиони од Саудиска Арабија за да направи трансфер кај најголемиот ривал?!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, вчера преку социјалните мрежи објави дека не е повеќе капитен на “црвените ѓаволи“, бидејќи така одлучил тренерот Ерик Тен Хаг. Тој во своето излагање беше разочаран од ваквата одлука на холандскиот стручњак, но рече дека мора да ја прифати.

Манчестер Јунајтед инсистираше летово тој да биде продаден, а имаше и одлични понуди за него. Ал-Наср и Ал-Хилал нудеа по 50 милиони евра за неговите услуги, но Менгваер веднаш ги одби. Тој одби и да оди како позајмен фудбалер во Интер.

И кога раководството и тренерот одлучија дека тој и следната сезона останува во Манчестер Јунајтед, фудбалерот се предомисли и инсистира да биде прифатена понудата од Челзи за него и тој да се пресели на “Стемфорд Бриџ“.

Во Јунајтед не се задоволни од ваквиот развој на настапите, бидејќи Челзи нуди “само“ 20 милиони евра за услугите на дефанзивецот, што далеку помалку од она што го нудеа клубовите од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести