Јунајтед ќе има нов капитен, Мегваер нема повеќе да ја носи капитенската лента

Манчестер Јунајтед ќе има нов капитен, откако на социјалните мрежи тоа го објави досегашниот лидер на екипата, Хари Мегваер. Тој на Твитер напиша дека тренерот Ерик Тен Хаг му го соопштил тоа и иако не е задоволен од одлуката, мора да ја прифати.

– “Тренерот денес ми соопшти дека ме менува од капитен. Ми кажа неговите причини и иако сум разочаран, ќе продолжам да давам се од себе кога ќе го носам дресот на Јунајтед. Сакам да искажам голема благодарност на навивачите на Манчестер Јунајтед за нивната поддршка додека ја носев капитенската лента. Од денот кога ја презедов таа улога, пред три ипол години, беше голема привилегија да го водам Јунајтед и тоа е еден од моментите кои ме прават најгорд во мојата кариера.“ – напиша сега веќе поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести