Кристијано Роналдо доживеа дебакл од Селта, па го критикуваше европскиот фудбал: “Во Саудиска Арабија сите доаѓаат заради мене“

Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср синоќа доживеаја вистински дебакл откако загубија од Селта Виго со 5-0. Португалецот после натпреварот го критикуваше европскиот фудбал, велејќи дека нема шанси повторно да се врати да игра во Европа.

– “Нема никаква шанса да се вратам во европски клуб, имам 38 години. Европскиот фудбал изгуби многу на квалитет. Единствената лига која се уште е добра е Премиер лигата, многу е пред другите првенства.“ – вели Кристијано Роналдо.

Капитенот на португалската репрезентација има свој коментар и за МЛС лигата, каде неодамна потпиша Лео Меси.

– “Лигата на Саудиска Арабија е многу подобра. Сите играчи доаѓаат кај нас, а ќе ги има уште повеќе следната година и оваа лига ќе биде многу подобра отколку турската или холандската.“

Кристијано Роналдо воопшто не е скромен и самиот себеси се смета како главен фактор за трансферот на многу играчи во Саудиска Арабија.

– “Ме критикуваа кога дојдов во првенството на Саудиска Арабија, но што се случува сега? Јас ја отворив вратата и сега сите играчи доаѓаат тука. Мојата одлука да потпишам во Саудиска Арабија беше пресудна за и тие да се преселат тука. Тоа е факт, тоа е 100% точно. Кога пристигнав во Јувентус, Серија А беше мртва. Јас ја оживеав. Каде и да оди Кристијано, предизвикува голем интерес.“ – додаде португалецот.

- Оглас -

Најнови вести