Грчкиот фудбалски клуб Панатинаикос е пример дека кога е спортот во прашање, нема граници и пречки за соработка на Балканците.
Тренер на ПАО е Србинот Иван Јовановиќ, а тој летово во клубот донесе двајца сонародници, Филип Младеновиќ и Филип Ѓуричиќ, но и еден Хрват, Тин Једвај. Во клубот веќе се Албанците Енис Чокај и Леандро Фроку, а во Б тимот е Елтон Фикај. Се шпекулира дека балканското друштво може да се прошири и со Стеван Јоветиќ, Црногорецот кој последните две сезони го носеше дресот на Херта.
Инаку, во составот имаат странски играчи и од Шпанија, Португалија, Холандија, Унгарија, Словенија, Бразил, Романија, Аргентина, Исланд, Русија, Шведска и Италија.
Панатинаикос следниот вторник ја почнува новата сезона, ќе игра против украински Днипро во квалификациите за Лигата на шампионите.