Малкумина во светот се како него, легендата Акинфеев ја почна 21-вата сезона во дресот на ЦСКА!

Рускиот голман Игор Акинфеев, со денешниот настап на дуелот помеѓу Урал и ЦСКА Москва, стана рекордер во рускиот фудбал бидејќи настапил во дури 21 различни сезони во рускиот шампионат.

Акинфеев кој има 37 години, е симбол за верност, цела кариера е член на ЦСКА, а освен за Армејците, има брането само уште за руската репрезентација и тоа 111 пати.

За негова жал, рекордот му беше помрачен со поразот од 1-2 против Урал.

Акинфеев дебито за ЦСКА го имаше во мај 2003 година и досега има 544 меча за ЦСКА.

- Оглас -

Најнови вести