Дивок Ориги се враќа во Премиер лигата

Белгискиот напаѓач Дивок Ориги, повторно би можел да заигра во англиската Премиер лига и тоа во дресот на Вест Хем.

Според италијанските медиуми, менаџерот Дејвид Мојс сака да го донесе 28-годишниот Ориги во освојувачот на Конференциската лига, ако треба и како позајмен, а не се исклучува и да го откупат од Милан. Ако се случи тоа, тогаш се отвора вратата за трансфер на Џанлука Скамака од Вест Хем во Рома.

Ориги минатата сезона играше за Милан каде дојде како слободен играч, но на 35 меча во сите натпреварувања имаше само два гола и една асистенција. Договорот со Росонерите му е до јуни 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести