Дебакл на Металург во Брест, Мешков славеше со 41:29

Македонскиот вицешампион Металург доживеа вистинска катастрофа и загуби со 12 голови разлика, 29:41 од Мешков Брест во меч од СЕХА лигата

 

Ракометарите на Металург доживеаја висок пораз од 12 голови разлика во вториот натпревар во регионалната СЕХА лига. На гостувањето во Белорусија, Мешков Брест славеше убедливо со 41-29. Ова е највисок пораз на Металург во дуелите со белорускиот шампион и воопшто во СЕХА лигата.

Без капитенот Филип Кузмановски и повредениот Мартин Велковски Металург беше инфериорен на теренот, а катастрофата не се навестуваше по првиот дел. Брест Мешков замина на одмор по првиот дел со предност од два гола разлика, 17:15.

Во второто полувреме гостите немаа решение за распложените домашни ракометари и го загубија продолжението од мечот со 10 голови разлика, или вкупно со 29:41.

Халил Јагањац беше најефикасен во составот на Металург со шест гола. Кај Мешков Брест нападот го предводеше Александар Шкурински со осум гола, а еден помалку постигна Петар Ѓорѓиќ .

- Оглас -

Најнови вести