Закана од фан клубот на Левски до Шверцерите: Не доаѓајте во Софија, нема добро да си поминете!

Националниот клуб на приврзаниците (НКП) на фудбалскиот клуб Левски Софија објави соопштение пред реваншот против Шкупи од второто квалификациско коло во Лига на конференции.

Фановите на Левски велат дека е најдобро навивачите на скопскиот клуб да не доаѓаат во Софија.

НКП на Левски е со категорична позиција за реванш мечот в четврток. Фановите на Шкупи не треба да доаѓаат. Софија не е место за прошетки, уште помалку после случката од Скопје. Нашата група е со славна историја и гостите нема да си поминат пријатно во нашиот главен град, кој веројатно е најдоброто место кое луѓето од населбата Чаир можат да го посетат во нивниот цел живот.

Одложете го патувањето до Бугарија! Тука нема да си поминете добро. Нека надвладее разумот! Победникот може да биде само еден! И тоа сме ние! Сите на стадион!” – порачуваат од НКП на Левски.

- Оглас -

Најнови вести