Оние кои имаа можност да го следат дуелот помеѓу Будуќност и Струга Трим Љум синоќа на ТВ можеа да слушнат дека кон крајот на првото полувреме се случи инцидент на главната трибина на стадионот во Подгорица. Сепак, ниту коментаторот имаше објаснување што се случува, ниту пак режисерот на преносот покажа што точно се случува и која е причината.
Црногорските медиуми пренесуваат дека причината за инцидентот нема никаква поврзаност со дуелот во кој играше шампионот на Македонија, туку причина е дрес на Црвена Sвезда.
Веднаш после погодокот на Струга за водство од 2-1, приврзаниците на домашниот клуб на трибината забележаа момче со син дрес на Црвена Sвезда со името на Савичевиќ на грбот и бројот 10 на грбот и го нападнаа. Мораше да интервенира и полицијата и да го извлече навивачот на безбедно. Останува нејасно дали ова беше намерна провокација или само залутан гледач кој не ни знаел дека со дрес на Црвена Sвезда не е добредојден во Подгорица.