Наместо играње во Лигата на шампионите, одбра да оди во второлигашки клуб

Емануел Лате Лат беше фудбалерот кој беше на листата на желби во Црвена ѕвезда, но неговиот трансфер остана само желба. Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска кој го носи дресот на Аталанта реши да ја одбие Црвена ѕвезда за да потпише во англискиот тим Мидлсборо.

Се очекува Лате Лат да потпише четиригодишен договор со тимот кој игра во втората англиска лига, популарниот Чемпионшип. Аталанта ја прифати понудата од Мидлсборо и сега само се чека реализација, па Црвена ѕвезда ќе остане без фудбалерот кој посакува да го има во составот посебно за настапите во групната фаза од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести