Хулиганите во акција и во Кипар, навивачите на Макаби нападнати во Ларнака (Видео)

Во моментите кога главна спортска вест во Европа се нередите во Атина кои резултираа со смрт на еден навивач на АЕК Атина, хулиганите не мируваа во Кипар.

Пред натпреварот од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции меѓу АЕК Ларнака и Макаби Тел Авив, имаше неколку навивачки пресметки кои ги предизвикаа фанови на трет тим.

Вчеравечер навивачите на Омонија им направија заседа на фановите на Макаби и почнаа да ги бркаат низ улиците на Ларнака со цел физички да се пресметаат со нив.

Кипарската полиција успеала да ги смири тензиите и објави дека нема повредени навивачи, како ни материјална штета, а во исто време презеде мерки за да се избегнат инциденти на вечерашниот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести