Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи преку социјалните мрежи испрати проштална порака до фановите на Јувентус.
Бонучи синоќа го имаше последното појавување во опрема на Јуве и најавува дека тука е крајот на неговиот пат во клубот во којшто мина најголем и најуспешен дел од кариерата.
Лео не беше во тимот на подготовките во САД, не играше ни синоќа против младиот тим на Јуве, но се појави на „Алијанц“ во Торино и даваше автограми.
Потоа објави порака на „Инстаграм“ во која најавува дека веќе нема да игра за Старата дама.
„Тука научив многу, се борев, сонував, направив многу повеќе отколку што мислев дека е можно. Ви благодарам Јувентини, од првиот ден до денеска“, порача Бонучи, кој имаше 502 настапи во дресот на Јувентус.
Се шпекулира дека Бонучи не планира пензија, туку дека кариерата ќе ја продолжи во Сампдорија во Серија Б, а како друга опција се спомнува преселба во Лацио, клуб кој ќе игра и во Лигата на шампионите.