Саудиска Арабија продолжува да ја освојува Европа, репрезентацијата ќе игра домашни натпревари во Њукасл

Саудиска Арабија продолжува да го освојува европскиот пазар, па сега и нивната репрезентација ќе игра домашни натпревари на европско тло, и тоа во Њукасл.

Од клубот официјално информираа дека репрезентацијата на Саудиска Арабија ќе одигра два натпревари на „Сент Џејмс парк“, а билетите за мечот ќе ги продава самиот клуб и ќе чинат помеѓу 3 и 5 фунти.

Иако се работи за пријателски натпревари, сепак организатор на дуелите против Костарика и Јужна Кореја е токму Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Њукасл е во сопственост на Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија, па затоа и воопшто не изненадува одлуката овие натпревари да се играат на „Сент Џејмс парк“ кој има капацитет за 52.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести