Вкупно 10-мина фудбалери си заминаа од Ливерпул во овој преоден рок, а дури шестмина од нив се играчи за врска. Токму затоа англискиот гигант е во потрага по квалитетен играч од средниот ред, а изборот падна на Андре Триндаде.
Бразилецот од редовите на Флуминенсе се најде на радарот на Ливерпул, но засега преговорите не одат како што посакуваат Англичаните. Европскиот гигант понуди 30 милиони евра за младиот 22-годишен играч за врска, но Флуминенсе ги одби. Бразилскиот тим побарал дополнителни 10 милиони евра, односно продажба на Триндаде доаѓа предвид само ако некој понуди 40 милиони евра.
Триндаде ова лето дебитираше за бразилската репрезентација на пријателскиот дуел против Сенегал, а веќе има над 140 настапи за Флуминенсе. Неговата примарна позиција е во дефанзивната линија за врска, но може да го покрие и централниот и офанзивниот дел од средината.