Кошаркарската репрезентација на Бразил без никакви проблеми го реши Иран во првиот меч на Светското првенство кое се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Бразилците славеа со 100:65, а дилемите околу победата ги разрешија уште во првата четвртина.
Кариоките првите десет минути ги добија со 33:12, а беа убедливи и во втората четвртина (24:13) и на одмор заминаа со предност 32 поени (57:25). Бруно Кабокло со 16 поени беше најпрецизен кај Бразил, Јаго Сантош даде 14, а Тим Соареш 13 поени.
Грција која на СП пристигна без првата ѕвезда, Јанис Адетокумбо, имаше доста проблеми против Јордан, но сепак успеа да слави со високи 92:71.
Во првото полувреме, Грците имаа се под контрола, но во вториот дел кошаркарите на Јордан благодарение на одличниот шут за три поени, внесоа неизвесност. Во третата четвртина Јорданците дојдоа до минус три (61:58), но немаа сили за пресцрт. Грците во последната четвртина заиграа многу подобро и конечно го скршија отпорот на противникот.
Јанис Ларанзакис со 19, Томас Вокап и Јанис Папапетру дадоа по 13 поени за Грција, додека Холис Џеферсон со 24 поени ја предводеше листата на стрелци кај Јордан.