Осум меча и осум победи за Интер Мајами откако во клубот пристигна Лионел Меси. Магичен е периодот за клубот од Флорида, затоа што за помалку од два месеци со Аргентинецот во тимот, Интер Мајами стигна до првата титула во клупската историја, а се избори и за место во финале на уште еден куп, па можно е во клупските витрини да се доведе уште еден пехар.
Сепак, тоа што е најважно за Интер Мајами сега ќе биде домашното првенство, односно мечевите од МЛС. Интер Мајами е очаен и моментално е на последното 15 место на Источната конференција со само пет победи од 22 средби.
Иако е на дното на табелата, откако во екипата дојде Меси, шансите на Интер Мајами неверојатно пораснаа. Според последните прогнози на обложувалниците во САД, Интер Мајами е на делба на третото место според дадените шанси да биде првак.
Само екипите на Синсинати и Лос Анџелес се сметаат како поголеми фаворити од Интер Мајами, кој ноќеска ќе гостува кај Њујорк Ред булс. Вкупно 14 меча ќе се одиграат во првенството на САД во ова коло и сите ги има во понудата на Sport Life.