Три екипи вечерва ќе обезбедат пласман во ЛШ, најблиску до тоа е Галатасарај (Фото)

Групната фаза на Лигата на шампионите денес ќе ги добие претпоследните три учесници. Во пресрет на реваншите, најблиску до такво нешто е екипата на Галатасарај, која има победа од 3-2 на гости кај Молде, а и според квотите во Sport Life, е најголем фаворит на сите денешни дуели.

Во добра позиција е и шампионот на Швајцарија, Јанг бојс, кој со реми без голови се врати од Израел. Сепак, за пласман во групната фаза потребна му е победа денес, без разлика во регуларното време или по продолженија или пенали.

Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот во Атина, помеѓу Панатинаикос и Брага. Претставникот на Португалија има предност од 2-1 од првиот дуел на домашен терен и вечерва ќе се обиде да ја одбрани оваа предност и првпат во својата историја да игра во групната фаза на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести