Откако Лионел Меси пристигна во Интер Мајами, утрово првпат се случи тимот да не победи. Во дуел од МЛС шампионатот Интер Мајами на свој терен одигра 0:0 против Нешвил.
Ова е и прв дуел на кој Интер Мајами не успеа да постигне гол со Меси во тимот. На претходните девет меча, Аргентинецот постигна 12 гола, а имаше и три асистенции, но сега беше немоќен да донесе нова радост на домашните фанови.
Неколку шанси имаше Меси, но противничкиот голман во сите излезе како победник. За тоа колку Меси е влијателен во МЛС, но и тоа дека дури и судиите му „прогледуваат низ прсти“, се виде во една ситуација, кога Аргентинецот се подготвуваше да изведе еден слободен удар.
Судијата покажа каде треба да биде поставена топката, но Меси постојано ја поместуваше со цел да си отвори подобар агол и позиција за шут. Арбитерот дури два пати му сугерираше на Меси да ја врати топката на првобитното место, но на крајот Аргентинецот ја постави топката каде што тој сакаше без да добие ниту жолт картон.
The MLS is so rigged for Messi, no yellow card after Messi repeatedly made fool of the ref and was caught cheating.pic.twitter.com/FUAEJfCjIz
— GOATED CR7 (@GOATED_CR7) August 31, 2023