Левандовски: Во Баерн бев како машина, сега сум човек

Полскиот голгетер Роберт Левандовски не е во идеална форма во моментов, иако за Барселона даде два гола во четирите кола во шпанската лига и самиот призна дека не е на нивото на коешто беше во Баерн.

„Среќен сум во Барселона, супер се и тимот и градот, моето семејство ужива. Имам уште две години договор. Не ни размислувам за Саудиска Арабија, а пред пандемијата низ глава ми се вртеше идеја за играње во американската МЛС-лига, но подоцна се премислив. Сега тешко ми е да си се замислам таму“, изјави Левандовски.

Леви имаше 41 гол во Бундеслигата, го урна рекордот на Герд Милер, а сега вели дека целта не му е да урива рекорди, туку да ужива во фудбалот и да му помага на тимот.

„Пред да дојдам во Барса бев по малку како машина, а сега повеќе сум жив човек“, вели еден од најдобрите напаѓачи на светот кој планира да игра уште две до три сезони.

- Оглас -

Најнови вести