Луис Енрике: Мбапе е најдобар фудбалер на светот

Тренерот на Пари Сен Жермен, шпанскиот стручњак Луис Енрике, по победата на неговиот тим против Борусија Дортмунд од 2-0, со најпофални зборови и епитети го величеше Килијан Мбапе, кој е главна ѕвезда на Светците.

На Енрике му е јасно дека многу зависат од игрите и расположението на Мбапе, па не му остана ништо друго освен да го фали.

„За мене, без никакви дилеми, Килијан е најдобар фудбалер на светот во моментов. Но, она што ме изненади се неговите човечки квалитети. Вистински лидер е и секогаш е насмеан. Многу е важно за ПСЖ што имаме лидер од ваков калибар и со таков менталитет“, изјави Енрике.

- Оглас -

Најнови вести