Романија доби жестока казна за транспарентот „Косово е Србија“

Романија го победи Косово со 2:0 во дуел од квалификациите за Европското првенство 2024 година, а средбата го одбележа прекинот кој траеше речиси еден час. Во средината на првото полувреме, на трибините на стадионот во Букурешт се појави транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“.

https://twitter.com/i/status/1701682512492200439

Гостите беа лути поради ваквите провокации и го напуштија теренот барајќи да биде тргната спорната парола, што и беше направено. Потоа Косоварите најавија дека ќе се жалат и ќе бараат службена победа, а УЕФА ја донесе одлуката околу казната за домаќините.

Романија ја задржува победата од 2:0, но наредниот меч на домашен терен ќе го игра без публика. Тоа ќе биде дуелот против Андора. Освен оваа санкција, Романија е казнета и со 52.000 евра. Косово се надеваше дека ќе го добие мечот на „зелена маса“ со службени 3:0, но тоа не се случи.

- Оглас -

Најнови вести