Прекин во Букурешт, косовските фудбалери го напуштија теренот поради транспарент на трибините

Натпреварот меѓу Романија и Косово, кој се игра на Националната арена во Букурешт, во рамките на квалификациите за ЕП 2024, е прекинат во 20-тата минута.

Романските навивачи на трибините на Националната арена во 20-тата минута истакнаа знаме „Косово е Србија“, по што косовските фудбалери го напуштија теренот.

Романските фудбалери се обидоа да ги убедат навивачите да го тргнат транспарентот, но тие одбија да го сторат тоа, по што судијата одлучи да го прекине натпреварот.

https://twitter.com/samstreetwrites/status/1701676623148245113

 

 

Косовските фудбалери во воведните минути исто така беа почестени од романските навивачи со извици „Србија, Србија“.

- Оглас -

Најнови вести