Вчерашниот дел во Лигата на шампионите имаше посебно значење за семејството Хојлунд. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, постигна гол на дуелот против Баерн Минхен во поразот од 3:4, додека неколку часа претходно, помладиот Оскар Хојлунд заигра за Копенхаген на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај (2:2).
Овие двајца браќа во следните дуели од ЛШ може да добијат уште еден брат во ЛШ, а тоа е близнакот на Оскар, Емил Хојлунд, кој исто така игра за Копенхаген, но вчера не беше во составот.
Доколку сите тројца браќа фудбалски се развиваат во вистинска насока, тоа ќе бидат тројцата најпознати браќа во европскиот фудбал. Расмус е најстар и има само 20 години, додека близнаците Оскар и Емил уште се тинејџери и имаат по 18 години.
Two Højlund brothers made their first Champions League appearance this evening:
◉ 20-year-old Rasmus makes his UCL debut against Bayern for Man Utd
◉ 18-year-old Oscar makes his UCL debut against Galatasaray for FC Copenhagen
A shame that Emil, Oscar’s twin… pic.twitter.com/WrEQxEMK1S— Squawka (@Squawka) September 20, 2023