Шампионот на Босна и Херцеговина, Зрињски од Мостар, е главната сензација на вечерта во мечевите од европските купови кои се играат вечерва со почеток во 18.45 часот.
Зрињски, кој е прв клуб од БиХ што учествува во групна фаза во Конференциската лига, на полувреме губеше убедливо со 0-3 од АЗ Алкмар, но на крајот домашните победија со 4-3 и ги шокираа Холанѓаните.
Голот на Звонимир Кожуљ со кој Зрински го најави пресвртот погледнете го ТУКА. Истиот играч погоди и за 4-3.
Пресврт и победа по негатива на полувреме имаше и Ливерпул, кој со 3-1 славеше на гости кај австрискиот ЛАСК во дуел од Лигата на Европа.
Бојан Миовски беше стартер и играше до 56-тата минута на гостувањето на Абердин кај Ајнтрахт Франкфурт. Германците победија со 2-1. Од германските тимови, победи и Баер Леверкузен, кој со 4-0 го разби шведскиот Хакен.
Панатинаикос имаше прилично изненадувачка победа од 2-0 над Вилјареал, а „еден во два“ имаше и во Хелсинки, каде што ПАОК победи со 3-2. Легија во Варшава ја изненади Астон вила со 3-2, додека Лудогорец со четири гола во второто полувреме го победи Спартак Трнава со 4-0.