Новата сезона во кошаркарското првенство на Македонија ќе стартува вечерва со дуелот за освојување на трофејот во Суперкупот на Македонија. МЗТ Скопје Аеродром доминираше во минатата сезона и ја освои титулата во првенството и во Купот, додека Феникс 2010 за прв пат играше во финале на Купот, па токму затоа овој тим сега е ривал на Штрковите и во овој дуел за нов трофеј.
Дуелот се игра од 19:30 часот во СРЦ „Кале“, а влезот е бесплатен.
„МЗТ Скопје Аеродром, нормално, ја прифаќа фаворитската улога. И секако ќе даде се да дојде до трофејот, кој ќе ни биде дополнителен мотив за остварување на целта во останатите натпреварувања што нѐ очекуваат. Суперкупот е специфичен натпревар, кој доаѓа непосредно пред официјалниот старт на сезоната и кој не секогаш го дава реалниот однос на силите помеѓу ривалите. Поради ова и е толку интересен, а секако и многу важен“- вели тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов.
Квотите во Sport Life покажуваат дека аеродромци се големи фаворити за трофејот и дека тоа би било победа со двоцифрена разлика.
За Феникс 2010 ова е прв дуел во Суперкупот и секако дека нема предвреме да се предаде.
„Искрено, во овој момент кога знаеме дека Андреј Митревски не е спремен, дека ќе играме без еден од најдобрите, а во тимот имаме доста нови играчи, не би знаел што можеме да очекуваме од овој натпревар, прв официјален во новата сезона. Изгледаме поинаку, ќе видиме како сето тоа ќе функционира “ – вели Дервишевиќ.
Шефот на струката на располагање ќе има дури четворица американски кошаркари кои беа ангажирани во летниот преоден рок: Деандре Томас, Џозеф Рис, Шакур Даниел и Каилекс Стивенс.
„Полека се воигруваме, сепак во тимот имаме доста нови играчи, и извесно е дека е потребно време за ‘да се најдеме’. Во тимот имаме и некои нови млади момци како Зетов, Стојковиќ, но и Димитриевски, Стојановски, плејада на таленти кои треба да го заземат местото на оние кои веќе не се со нас. Што се однесува до овој натпревар, наше е да излеземе, да играме најдобро што можеме, а резултатот ќе го видиме на крајот. Фаворитската улога му ја препуштам на МЗТ Скопје, екипа со најголем буџет во македонското првенство во сеозната која е пред нас“- додава Дервишевиќ.