Екипата на АЕК од Атина го доби градското дерби против лутиот ривал Панатинаикос со 1-2, откако направи пресврт после водството на домашните.
Панатинаикос поведе преку Србинот Филип Ѓуричиќ, додека АЕК до победата дојде со головите на Зубер и Пинеда.
Сепак, мечот лесно можеше и да не се одигра, и тоа поради истакнатите транспаренти од страна на навивачите на Панатинаикос во знак на поддршка на хрватските навивачи, членови на БББ, кои се наоѓаат во грчките затвори по големите инциденти во квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо.
На големиот транспарент пишуваше „ослободете ги момците“, со лого од навивачката група БББ. Фудбалерите на АЕК кога го видоа натписот, одбија да го играат мечот сè додека тој не биде отстранет.
https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1706370358469628189?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1706370358469628189%7Ctwgr%5E2e16cda6f707c33b3a03e99dd06fe73f02b98cad%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.n1info.hr%2F%3Fp%3D7344830
https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1706381562474897719?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1706381562474897719%7Ctwgr%5E68954703308de9edaef75c5b8bab228d74da2ac4%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-navijaci-panathinaikosa-uoci-aeka-dali-podrsku-bbbima-nastao-je-kaos%2F2498463.aspx